Голем пресврт се случува во летната сага со Нејмар, а сега Бразилецот најверојатно ќе остане член на Пари Сен Жермен.
Се вртеа безброј опции, понуди и пакет аранжмани со играчи за размена за Нејмар од големите гиганти, Барселона и Реал Мадрид пред се, па и Јувентус, но сега најизгледна е варијантата тој да остане во ПСЖ.
Клубот побара од Бразилецот да не дава изјави, а Нејмар си молчи, бидејќи полека, но сигурно пропаѓаат сите можни понудени варијанти за негов кам-бек на „Камп Ноу“, или за пат кон „Сантијаго Бернабеу“.
Барселона во преговорите наводно ги нудеше Кутињо и Ракитиќ, плус 80 милиони евра за Нејмар, потоа бараше од ПСЖ тој да дојде како позајмен играч, без услов Каталонците да му го откупат договорот идното лето, но од тоа нема ништо.
Во игра во финишот на преодниот рок засилено се вклучи и Реал Мадрид. Дури и делегација на „кралскиот клуб“ замина за Париз на преговори, но понудата на дел од играчи од калибарот на Бејл, Хамес Родригес… плус пари не беше прифатлива за ПСЖ, или заради превисоките парични барања на „светците“ не наиде на разбирање кај Реал Мадрид.