6747 Maкедонија – Лихтенштајн (20:45ч)
Во 10-тата меѓусебна средба против Лихтенштајн, македонската фудбалска репрезентација ќе се потруди да го оствари деветтиот триумф, односно петти на домашен терен. Од Скопје селекцијата на Лихтенштајн редовно заминувала со полна мрежа, односно најмалку со три примени погодоци, па ништо помалку не се очекува од избраниците на Ангеловски и вечерва.
По болниот пораз од Романците, нашите Рисови се во одлична позиција да ги освојат првите бодови во мундијалските квалификации, па со надоградена самодоверба да го дочекаат дуелот со големата Германија.
Иако селекторот Ангеловски најави ротација во стартните 11, го поседуваме потребниот квалитет и со мешан состав да ја обезбедите потребната победа.
Предлог тип: 1-1 3+ (1.97)
6748 Бугарија – Италија (20:45ч)
Роберто Манчини ги предупреди своите Аѕури пред гостувањето во Софија. Италија само еднаш во шест гостувања кај Бугарија остварила победа, и тоа во далечната 1994 година. Останатите средби во главно завршувале без победник, а Бугарите паметат далечен триумф од 3-2 во 1968 година.
Идентични ремија од 2-2 се одиграа во последните два меча на овие селекции во кои Бугарија беше домаќин, а на теренот ќе се сретнат по пауза од речиси шест години. Италија претрпе само еден пораз откако Манчини е селектор, а моментално држи серија од 23 меча без пораз. Со екстренерот на Интер на клупата, Аѕурите тешко примаат голови, но можно е вечерва да извојуваат тесна победа.
Предлог тип: X2 & 2-3 (2.21)
6746 Полска – Андора (20:45ч)
Првпат овие две селекции ќе се сретнат во меч од натпреварувачки карактер, а Полска на чело со неприкосновениот Роберт Левандовски ужива во фарвотската улога која треба без проблем да ја оправда.
Во контрола од 2012 година, Полјаците славеа со убедливи 4-0, па нема да биде изненадување доколку се повтори резултатот. Полска тргна со реми од 3-3 на гости на Унгарија во овие квалификации, па вечерва мора да триумфира како еден од носителите заедно со Англија во групата И.
Андора е во очајна серија од 12 меча без победа, односно ги загуби последните пет натпревари со гол-разлика од 1-20.
Предлог тип: 1 & 2+прво (1.79)
6750 Романија – Германија (20:45ч)
Германците ќе се одмаздуваат во наше име за болниот пораз кој го претрпевме во Букурешт со 3-2 од Романија во финишот од средбата. Романците посакуваат да направат изненадување и да имаат максимален учинок по две кола, меѓутоа Панцерите треба да издоминираат во нашата група, па затоа се очекува победа на гостите во која барем двапати ќе ја тресат мрежата на Романија.
Германија само еднаш гостувала во Букурешт и не ја памети по добро таа екскурзија, ако се знае дека во 2004 година загуби со 5-1 во контролен натпревар.
Предлог тип: 2 & T22+ (1.51)
6749 Украина – Финска (20:45ч)
Двете селекции во овој меч влегуваат со по еден освоен бод од првото коло, со надеж дека токму вечерва на една од нив ќе им тргне замислениот победнички ритам. Украинците се покажаа како тврд орев против светскиот шампион Франција, додека Финците испуштија три бода во финишот од сребата против БиХ.
Украина и Финска беа во иста група и на претходните мундијалски квалификации, во кои составот на Андриј Шевченко на двапати славеше со 1-0 дома и 2-1 на гости. Двете репрезентации имаат напаѓачки квалитет, па се очекува ефикасен дуел во Киев.
Предлог тип: ГГ3+ (2.85)