Не се пласира на ЕП со Црна Гора, па сега го продава автомобилот и вели: Итно е! (Фото)

Репрезентативецот на Црна Гора, Никола Крстовиќ, денес го привлече вниманието кон себе, но не поради неговите фудбалски квалитети или успеси, туку со објава на социјалните мрежи.

Тој со репрезентацијата на Црна Гора не успеа да стигне до пласман на Европското првенство, со оглед на поразот од Унгарија со 3-1, но на социјалните мрежи објави дека го продава својот автомобил и нагласи: Итно е!

Крстовиќ, кој настапува за Лече и вреди пет милиони евра, продава автомобил Голф 8, произведен во 2022 година и со поминати 18.000 километри.

- Оглас -

Најнови вести