14.8 C
Skopje
среда, 22 октомври 2025

Не се разбраа со судијата или играчот на Наполи претера, па беше исклучен? (Видео)

На натпреварот ПСВ – Наполи кој заврши со неверојатни 6-2 за холандскиот тим, во последните дваесетина минути, Наполи играше со еден играч помалку, откако при 3-1 беше исклучен Лоренцо Лука.

Лука доби директен црвен картон, а за многумина сè уште не е јасно зошто и дали навистина непримерно гестикулираше кон судијата или стана збор за недоразбирање. 

Лука имаше шанса да постигне гол во 76-тата минута, но еден одбранбен играч на ПСВ го блокираше, по што двајцата завршија на тревата. Голманот ја дофати топката, Лука покажуваше со прст кон главата, а потоа судијата од Германија, Даниел Зиберт, му се приближи и му покажа директен црвен картон.

Италијанецот беше во шок, и се правдаше дека нема намера да му покаже на судијата дека нема мозок, туку дека се жалел на удар во тој дел.

PSV 3-1 Napoli – Lorenzo Lucca red card 76'
byu/4gjdtokurwa insoccer

- Оглас -

Најнови вести