24.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Би било фантастично – Направија симулација на ждрепката за мундијалските групи, Македонија падна со Бразил (Фото)

Интернет страница за фудбалска статистика „stattosoftware.com“ направи две различни симулации за ждрепката за Мундијалот во Катар и според неа Македонија би играла во последната Х група со најтрофејните на светот, Бразилците кои имаат пет шампионски круни.

Со нас според пробната ждрепка во групата би биле и Швајцарија и Јужна Кореа, што е топ распоред и би било фантастично ако Македонија добие токму ваква ждрепка на 1. април, кога е официјалното извлекување на групите за Мундијалот во Катар.

Направена е и втора симулација, со Португалија, а ако тие ја победат Македонија на 29. март со симулацијата би играле во Ф групата со Уругвај, Шведска и Камерун.

 

Официјално ждрепката за составот на групите ќе се одржи во Катар на 1. април од 17 часот.

- Оглас -

Најнови вести