Еден од најдобрите италијанските судии, Даниеле Орсато, доби одлична понуда да ја смени земјата и првенството во кое суди. Наместо во Серија А, Орсато може да се пресели да ја дели правдата на натпреварите кои се играат во првенството на Саудиска Арабија.
Во изминативе 12 месеци, во Саудиска Арабија заминаа да играат голем број ѕвезди, како што се: Роналдо, Бензема, Нејмар, Мане, Брозовиќ… Со доаѓањето на многуте докажани ѕвезди, квалитетот на теренот е многу подобар, но судењето не е на потребното ниво.
Токму затоа сега фокусот е на доведување квалитетни судии, а прв на листата се најде Орсато. Тоа е судијата кој го судеше полуфиналето од Светското првенство во Катар меѓу Аргентина и Хрватска и досуди пенал за Гаучосите.
Во својата кариера, Орсато беше судија и во финалето на Лигата на шампионите меѓу Баерн Минхен и Пари Сен Жермен.