Не се штедат ни македонски играчи ни навивачи, но Норвешка е убедлива на терен!

Македонската ракометна репрезентација има негатива од 11-18 по првото полувреме против фаворитот Норвешка во првото коло на Светското првенство.

Во Краков, избраниците на Кирил Лазаров играа добро до 19-та минута кога семафорот покажуваше резултат 9-9, но Норвешка се одлепи со серија од 4-0, потоа се повреди и Јагуриновски, па на пауза заминуваме со негатива од седум разлика.

Дејан Манасков со 4 гола е најефикасен засега во македонскиот тим, но тешко дека ќе освоиме бод на овој меч, и шансата ќе треба да се бара против Холандија и особено со Аргентина.

- Оглас -

Најнови вести