23.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Не се сите голгетери добри голмани како Жиру, Кејн има примено „пацерски гол“ (Видео)

Одличното издание на напаѓачот Оливие Жиру кој во финишот беше приморан да биде голман на Милан на мечот со Џенова, не значи дека секој врвен голгетер знае да биде и добар чувар на мрежа како него.

И Англичанецот Хари Кејн е од оние напаѓачки ѕвезди кои застанале на гол, но за разлика од Жиру, Кејн не се прослави.

На тој меч од Лига Европа против грчки Астерас во 2014 година, Уго Љорис доби црвен картон, па на голот на Тотенхем застана Кејн кој ги зеде ракавиците и дресот на Љорис. Инаку, Кејн на тој меч даде три гола и Петлите водеа со 5-0.

Средбата заврши 5-1, а Кејн прими гол каков што ретко кој вистински голман би примил.

Погледнете:

- Оглас -

Најнови вести