Не се сите како Хабиб: Боксер заврши во кома по борба со мечка

Видеото во кое Хабиб Нурмагемедов се бори со мечка стана вирално на социјалните мрежи, а голем број руски борачи и боксери се „пофалија“ дека можат да се борат со овие животни.

Такво нешто се обиде да направи и боксерот Илја Медведев, кој со своите двајца пријатели пред неколку дена заминал на риболов и во далечина забележале мечка. Димов сакајќи да си ги проба своите можности, добил тешки повреди по телото и главата и завршил во болница.

Неговите пријатели успеале со убоди со нож да ја усмртат мечката и да го однесат 23-годишниот боксер во најблиската болница, каде што поради тежината на повредите, е ставен во вештачка кома.

Ќе го очекува долга и напорна рехабилитација за да се врати во рингот, а веруваме дека веќе нема да му падне на памет да проба нешто слично како ова.

- Оглас -

Најнови вести