Не се сите среќни од одлуката на Чави: Германскиот тренер остана без планираната работа

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, ги изненади сите кога најави дека на крајот од сезоната ќе си замине, но изненадувањето беше уште поголемо кога вчера беше соопштено дека тој ја променил одлуката и следната сезона ќе остане на кормилото на Каталонците. Ваквиот пресврт се случил на имотот на Жоан Лапорта, каде што се одржал состанокот.

Најразочаран од ваквата одлука е германскиот тренер Ханси Флик, кој според „Мундо депортиво“ веќе ги имал договорено личните услови за преземање на Барселона од следната сезона. Тој и неговата екипа веќе на големо се подготвувале за новиот предизвик, а кога му била соопштена веста дека Чави останува, тој останал изненаден.

Како што пишува каталонскиот весник „Мундо депортиво“, Германецот се чувствувал измамен и понижен и сега заедно со својот тим ќе мора да бараат нова работа за следната сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести