Враќањето на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед беше ударна спортска вест деновиве, сега се чека неговото официјално претставување, а откриени се детали и од договорот. Португалецот во Јунајтед ќе заработува 480.000 фунти неделно, и тоа значи дека ќе биде најскап играч во Премиер лигата.
Ромелу Лукаку во Челзи ќе има неделна плата од 450 илјади фунти, Кевин Де Бројне заработива 385.000, Џек Грилиш 380.000, Хари Кејн 300.000, итн.
Но, Роналдо не значи дека е најплатениот фудбалер на светот, туку го држи третото место. Поголема плата од него имаат Лионел Меси и Нејмар, двајцата членови на ПСЖ. Меси во Париз ќе добива фантастични 1 милион фунти неделно, а Бразилецот заработува по 600.000 фунти.