Португалците со право го носат прекарот „Европски Бразилци“ и поради тоа што биле колонијална сила, па Бразил бил под нивна команда, а и поради стилот на игра кој е сличен на репрезентацијата што е најтрофејна на сите времиња со пет светски шампионски круни.
Кај Португалците отсекогаш имало репрезентативци што се родени во Бразил и се натурализирани, а ќе ги има и тоа тројца за мечот со Македонија на 29. март.
Двајца од нив се исклучително опасни во нападот и дадоа по еден гол против Турција во пролуфиналниот бараж за победа од 3:1.
Отавио, кој е напаѓач на Порто и за треи дена ќе игра на свој терен, на „Драгао“ речиси сигурно ќе биде стартер против нас, а тој го отвори резултатот против Турција со гол во 15. минута.
Гол постигна и Матеус Нуњес, последниот на мечот за 3:1, а тој игра за Спортинг и е реоден Бразилец, со португалски пасош.
Стоперот има позитивен тест на корона-вирус и е во изолација, па нема да ни биде ривал на терен за три дена, во меч што директно одлучува дали Македонија ќе успее да се пласира на Светското првенство во Катар.