Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговиот тренер Горан Иванишевиќ многу време поминуваат заедно, и тоа не само на тениските терени, туку се дружат и надвор.
Првиот светски рекет кој игра на турнирот во Синсинати на социјалните мрежи објави клип на кој се гледа како тој ја уфрла последната кугла и бурно прославува победа во партијата билјард против Хрватот, но Горан протестираше, па и двајцата почнаа да се надвикуваат дали требало топката да заврши во таа или друга дупка.
„Драма на масата за билјард. На Горан му треба помош со билијардските вештини. Помина доста време од неговата последна победа. Заборави какво е чувството да ме победи. Горане, знам дека боли, но издржи, силен човек си ти. Добри денови се пред тебе… можеби, хахаха“, порача шегаџијата Новак.