Не си замислуваше дека ќе биде вака: четири причини поради кои Меси не е среќен во ПСЖ

Неколку дена по киксот на Пари Сен Жермен во Купот на Франција, испливаа гласини дека Лионел Меси не го нашол тоа што го барал во Париз и дека не е среќен во ПСЖ.

Откако стана член на Светците, Меси има дадено само еден гол во француската лига, а во Европа има шест гола и четири асистенции. Сепак, тој како да не успева да се вклопи во играта на тимот и неговото знаење не доаѓа во израз.

Според шпанскиот „Ел Конфиденсијал“, Меси и неговото семејство имаат четири проблеми: францускиот јазик, студеното време во Париз, носталгија кон домот во околината на Барселона и интензитетот со кој се игра во француската лига.

- Оглас -

Најнови вести