Не сите го осудуваат Кепа – Мурињо застана на негова страна

Додека цел свет го осудува однесувањето на Кепа Аризабалага, голманот на Челзи, за одбивање на наредбата од тренерот Сари да биде заменет во вчерашното финале од Лига купот на Англија, Жозе Мурињо е воодушевен од потегот на шпанскиот чувар на мрежата.

Иако по мечот Сари и Кепа ја објаснија оваа ситуација како недоразбирање, ваквата незапамтена сцена го одбележа финалето кое му припадна на Манчестер сити.

„Голманот сакаше да покаже самоувереност, да покаже дека е подготвен на предизвикот и да брани пенали. Ми се допадна тоа. За среќа, вакво нешто не сум доживеал, а единствено не ми се допаѓа што го доведе тренерот и медицинскиот тим во незгодна ситуација, како и играчот кој требаше да влезе на негово место“, истакна Мурињо.

Речиси секогаш во вакви ситуации за непочитување на тренер, играчите се казнети од клубот, но Челзи нема да спроведе никаква санкција за Кепа, а се очекува шпанскиот голман да биде пред голот на „сините“ во дуелот против Тотенхем во среда (21 часот).

- Оглас -

Најнови вести