Целосно фудбалска е денешната понуда во Супер типот, што доволно зборува колку богата понуда има на програмата. Фаворитската улога ја имаат осум домашни екипи и осум тима кои ќе играат на гостински терен.
Возбудувањата ќе започнат уште во 15 часот, кога ќе се игра куп пресметката меѓу Аталанта и Џенова, а тимот од Бергамо да победи е со квота од 1.61. Од италијанскиот куп, без проблеми треба да помине и шампионот Наполи, кој пред своите навивачи игра против Калјари.
Најатрактивно ќе биде на дуелите на кои играат европските гиганти. Реал Мадрид да слави на гости во Билбао против Атлетик е со квота од 1.84, додека Челзи да победи на теренот на Лидс е точно два коефициент.
Адути на домашен терен треба да имаат Арсенал против Брентфорд и Ливерпул во пресметката со Сандерленд. Од екипите кои играат во Лигата на шампионите, тука е и белгискиот Бриж, кој да се радува на гостински терен е со коефициент од 1.73.


