Не смееше поинаку: Ремек-делото на Ел Шарави го натера Жозе да трча по линија и во негов стил да слави во 1000-тиот меч како тренер (видео)

Фудбалерите на Рома се изборија да му донесат победа на Жозе Мурињо во неговиот јубилеен 1000-ти меч во тренерската кариера, Ел Шарави во судиското надополнување погоди за 2-1 и на најдобар можен начин предизвика делириум на „Олимпико“.

Египќанецот мајсторски ја затресе противничката мрежа, по што Специјалниот во негов стил почна да трча покрај аут-линијата кон своите играчи и да ѝ се радува на драмата.

Голот на Кристанте во 37-мата минута најава дека Специјалниот ќе ја оствари 640-тата победа во 1000-тиот натпревар, а среќниот гол на Ѓуричиќ во 57-мата минута не беше доволен да ги наруши плановите

Мурињо сега бележи 64% победи во 1000 меча како тренер, односно сега има учинок од 640 победи, 190 ремија и 162 порази во 21-годишната тренерска кариера.

- Оглас -

Најнови вести