Не сте виделе ваков гол – Каде е пакот, не знае ниту голманот (Видео)

Сергеј Бобровски, голманот на Колумбус блу џекетс, си даде автогол на мечот со Бостон бруинс во НХЛ-лигата, а ситуацијата во најмала рака беше смешна.

Пакот летна високо и заврши на мрежата над голот на Бобровски, Сергеј немаше ориентација каде се наоѓа, а пакот што малку го поттурна од мрежата Џејк ДеБруск, се врати назад кон гол-линијата, го удри во грбот домашниот голман и влезе во голот.

Тоа е еден од најчудните голови сезонава во НХЛ-лигата, ретко се гледа, па може да се каже дека голманот немаше ниту среќа, но и не се снајде најдобро.

Погледнете го автоголот на Бобровски.

Резултати: Бафало – Нешвил 2:3, Колумбус – Бостон 2:6, Детроит – Питсбург 4:1, Монтреал – Тампа беј 4:2, Торонто – Каролина 1:4, Далас – Филаделфија 6:2, Колорадо – Едмонтон 6:2, Аризона – Лос Анџелес 1:3, Ванкувер – Сан Хозе 4:2.

- Оглас -

Најнови вести