Лаутаро Мартинес и Интер ја имаат потпишано најчудната клаузула за отштета во случај на разделба, а таа предвидува дека клубот што ќе плати 111 милиони евра во следниот летен трансфер-период може да го доведе во своите редови одличниот аргентински напаѓач. Мистеријата во анексот на договорот е што таа цена важи само 15 дена во јули идната година.
Досега ваков дил за отштета меѓу фудбалер и клуб немало, а Барселона е заинтересирана да го купи 22-годишниот играч на Интер и аргентински репрезентативец.
За шпанскиот првак добар сигнал е одличната соработка меѓу Лионел Меси и Лаутаро Мартинес во аргентинската репрезентација.
Меси е моќен фактор во клубот, дури и неофицијално одлучува кои фудбалери можат да пристигнат на „Камп ноу“, а за Лаутаро сигурно ќе даде зелено светло, па шпанските медиуми објавија дека Барселона ќе тргне по напаѓачот на Интер во летниот преоден рок.