8.8 C
Skopje
петок, 6 февруари 2026

Не толку одамна беа дел од Премиер лигата, а сега им се заканува згаснување

Фудбалскиот клуб Ридинг се наоѓа во тешка финансиска ситуација, а се најавува и најцрното сценарио, а тоа е згаснување на клубот. Пред неколку месец Ридинг го презедоа нови сопственици од САД, но сега е активирано барање за ликвидација на клубот.

Барањето за ликвидација го поднесе поранешниот извршен директор на Ридинг, Најџел Хау, кој веќе подолго време има судски спор со клубот кој ги отфрла сите обвиненија.

„Клубот ги отфрла обвинувањата и е во активен спор со засегнатото лице. Со оглед на можноста за судска постапка, би било несоодветно да се коментира понатаму во овој момент“, стои во соопштението на Ридинг.

Хау претходно имаше висока извршна функција во Ридинг и беше вклучен во неодамнешната продажба на клубот, која беше завршена претходно оваа година, по долготрајните финансиски тешкотии под претходниот сопственик.

На Ридинг претходно му беа одземени бодови и беа ставени ограничувања, а најновите вести ќе предизвикаат дополнителна загриженост кај навивачите. Ридинг сега е дел од третата лига во англискиот фудбал и вреди само 11 милиони фунти, а моментално се наоѓа на 18-тото место во популарната Лига Еден.

Не толку одамна, односно во сезоната 2012/13 Ридинг беше дел од Премиер лигата, а претходно во елитното друштво играше и во сезоната 2007/08.

- Оглас -

Најнови вести