Не така одамна Кулушевски блескаше во дресот на македонската репрезентација (Видео)

Дејан Кулушевски е ѕвездата на досегашниот дел од зимскиот преоден рок во Европа. Младиот талентиран играч кој го носи дресот на Парма, во следната сезона ќе биде играч на Јувентус. Најтрофејниот клуб во Италија ќе плати 45 милиони евра за потписот на Кулушевски, пари кои ќе завршат во касата на Аталанта.

Кулушевски е играч на Аталанта, но е на позајмица во Парма, каде ќе биде до крајот на сезоната, а потоа се сели во Торино. Тој стана најскапоплатениот тинејџер во историјата на Јувентус. Дејан потекнува од Македонија, но е роден во Шведска и реши да настапува за националниот тим на Викинзите. Сепак, не така одамна, Кулушевски беше и во дресот на македонската репрезентација и тоа за играчи до 17 години (на сликата стои втор од лево).

На дуелот против Србија во Скопје, Кулушевски даде прекрасен гол во победата на Македонија од 3:1. Сепак, Македонија не успеа да го сочува овој бисер кој сега ќе блеска за Јувентус и Шведска.

Погодокот на Дејан Кулушевски во дресот на македонската репрезентација може да го погледнете на 1:30 минута на клипот.

- Оглас -

Најнови вести