Не треба да се грижиме за иднината, овој тим допрва ќе дава резултати

Континуитетот на настапи на Светските и европски првенства кој го има машката ракометна репрезентација на Македонија, не е случаен. Се работи со младите, им се дава шанса, а тие возвраќаат на најдобар начин. Кога ќе соберат повеќе искуство од играње тешки и тесни мечеви, ни претстои светла ракометна иднина и поголеми успеси на големите натпреварувања.

За 20-годишни момчиња како Карасманакис, Галевски и Петковски, СП е големо искуство. Митев, Стојковиќ и браќата Атанасијевиќ имаат по 21 година и играат важна улога во тимот, а и кај Костески кој има 23 години, има простор за напредок.

Серафимов, Кизиќ и Ѓорѓиев имаат по 24 години, па и тие може да играат уште долго во дресот на националниот тим и да бидат предводници на оваа талентирана генерација.

Во ветерани може да се вбројат голман Митревски со 39, Маркоски со 34 и Пешевски со 33 години, во тимот и такви играчи се потребни за рамнотежа, а и тие уште не го кажале последниот збор. Кога тие ќе се повлечат очекуваме да се појават други млади кои достојно ќе ги наследат.

Во зрели спортски години е групата предводена од капитенот Кузмановски кој беше убедливо прв македонски стрелец на СП 2025, потоа Велковски, Јагуриновски, Лазаревски и Џонов.

Јасно е дека Митев кој игра на позицијата среден бек и треба да ги поврзува редовите, е играчот кој се наметнува како иден лидер на тимот, а покрај него како што може да се види имаме и плејада други млади момци од кои очекуваме да „експлодираат“ и да ја радуваат македонската јавност.

- Оглас -

Најнови вести