Винисиус јуниор го постигна својот прв мундијалски гол за Бразил, а Кариоките водат со 2:0 против Јужна Кореја откако и Нејмар погоди од белата точка.
Бразилците само за 13 минути го декласираа ривалот со два гола во рок од само 360 секунди.
Играчот на Реал Мадрид, Винисиус, мудро ја искористи асистенцијата на Рафиња и погоди паметно во седмата минута пласирајќи ја топката во мрежата, иако пред него имаше доста играчи.
VINICIUS JR 1ST WORLD CUP GOAL! pic.twitter.com/akCe2OtKnJ
— TC (@totalcristiano) December 5, 2022
Корејците уште не се освестија од шокот, а примија и втор гол.
Од пенал погоди Нејмар во 13-тата минута во негов познат стил и Бразил многу брзо покажа дека е апсолутен фаворит за пласман во четвртфиналето и меч против Хрватска.