Не се потребни зборови: Реакцијата на Симеоне по голот на Лео против Атлетико

Лионел Меси дефинитивно е играчот за кој ќе се зборува уште многу години дури и откако ќе престане со активно играње. Аргентинецот вечерва по рекорден шести пат ја освои Златната топка и само потврди дека е најдобар на денешницата.

Синоќа Меси и на теренот против Атлетико Мадрид покажа зошто е виртуоз на кој многумина му се восхитуваат. Капитенот на Барселона го даде победничкиот гол во 86-тата минута, а тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, имаше реакција како секој вистински љубител на фудбалот и искрено аплаудираше на погодокот на Меси.

https://twitter.com/i/status/1201554700216209408

- Оглас -

Најнови вести