Атлетик Билбао им се придружи на Бетис, Валенсија и Рајо Валјекано во полуфиналето на купот на Шпанија. Вечерва баскискиот тим, чие омилено натпреварување е купот, во кој има дури 23 трофеи, го елиминира Реал Мадрид со 1-0.
Алекс Беренгер, кој влезе во игра на стартот на второто полувреме, беше стрелец на голот во 89-тата минута, кој може да го погледнете ТУКА.
Гостите од Мадрид за овој меч не можеа да сметаат на Карим Бензема, па тренерот Карло Анчелоти во нападот не го стави Лука Јовиќ, кој е природна замена за Бензема, туку се одлучи со формација во која крилото Марко Асенсио беше во улога на „лажна деветка“.
https://twitter.com/i/status/1489363869575299072