Не важат ковид-мерки за ваков меч – „Ренцо Барбера“ ќе биде со полн капацитет за Македонија, Италијанците ги одредија и цените на билетите

Иако во Италија сè уште важат ковид-мерките за ограничен капацитет на стадионите и присуство на публика на трибините, за бараж-мечот со Македонија на 24 март се најавува дека „Ренцо Барбера“ во Палермо ќе биде во потполн сјај и со фул капацитет од 37 илјади места.

Италија сака да има голема поддршка, па и цените што ги одреди за влезниците не се скапи за европски стандарди.

Тие се движат од 10 до 60 евра, а ќе има и посебни семејни пакети, потоа и попусти за одредени возрасни категории, а продажбата ќе почне од 4 март.

Ренцо Барбера е со капацитет од 37 илјади места и се очекува стадионот целосно да биде полн.

Македонија за првпат ќе игра бараж-меч за пласман на Светско првенство, а ако ја победи Италија, пак ќе гостува на 29 март на Португалија или Турција и победникот од тој меч ќе игра во Катар во ноември и декември годинава.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести