Не видовме македонски дуел на терен, но видовме гол на Пандев и драма на „Дачија арена“(видео)

Илија Несторовски со Удинезе испушти победа против Џенова на Горан Пандев во последните моменти од мечот при конечни 2-2. Во мечот од 30-тото коло во Серија А, Зебрите имаа предност од 2-0 до 70-тата минута, а откако влезе Пандев во игра нештата се сменија.

Не видовме македонски дуел на теренот, Несторовски беше во стартниот состав на домаќините и се задржа на теренот до 58-та минута, токму во моментот кога Пандев се подготвуваше да влезе во игра. Двајцата наши репрезентативци кои го предводат нападот на селекторот Ангеловски, се пресретнаа крај аут-линијата кога се правеа замените.

Пандев се потруди да не биде залудно неговото влегување во игра, па успеа да намали на 2-1 во 81-та минута постигнувајќи одличен погодок со послабата десна нога по што стана прв стрелец за Џенова оваа сезона со вкупно осум гола. Сепак, тоа не беше доволно да се поништи предноста која Удинезе ја стекна преку Фофана и Ласања по 70 минути игра.

https://www.youtube.com/watch?v=53RASvxDC7A

Неизвесноста траеше до последните моменти, па се случи драма во самиот финиш во кој Џенова доби пенал за израмнување. Пинамонти го промаши ударот од белата точка, но погоди по одбраната на домашниот голман за конечни 2-2.

Oстанати резулати од 30-тото коло:

Бреша 2-0 Верона, Калјари 0-1 Аталанта, Парма 1-2 Фиорентина, Сампдорија 3-0 Спал.

- Оглас -

Најнови вести