На вчерашниот тренинг на екипата на Погрмеч од Сански Мост, присуствуваше и познатиот швајцарски напаѓач и репрезентативец Харис Сеферовиќ.
Сеферовиќ е роден во Швајцарија, но неговите родители се босански Муслимани од Сански мост, па затоа тој преку летото доаѓа да види од каде потекнува, а присуството го искористи и за да тренира на теренот на локалниот клуб Погрмеч.
Сеферовиќ во кариерата играл за Фиорентина, Ксамакс, Лече, Новара, Реал Сосиедад, Ајнтрахт, Бенфика, Галатасарај, Селта, Ал-Васл, а минатата сезона беше во Ал-Наср, но не саудискиот, туку од Дубаи. За Швајцарија одигра 93 меча и постигна 25 гола.