24.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Не заборавајте да одиграте Спортска прогноза, може да се прогнозира до денеска до 13.30 часот

До 13:30 часот има време да се прогнозира за мечевите од 27-то коло на Спортска прогноза, во кое, во фокусот е дербито во Серија А меѓу Јувентус и Наполи.

Според досегашните прогнози,Јувентус има поголеми шанси за триумф (47 отсто), додека само 19 отсто од прогнозерите сметаат дека Наполи ќе слави.

Од понудените 13 натпревари, на седум има фаворити со 50 отсто шанса да слават. Најголема доверба имаат во Сампдорија (76 отсто) која игра против Специја, во Лестер (74 отсто) кој го пречекува Вулверхамтон, и во Фулам (70 отсто) кој против Лидс го започнува колото.

Како во секое коло, така и сега, следуваат подароци за оние кои ќе имаат барем 11 погодоци. За 11 погодени се добива ваучер од Sport Life од 500 денари, додека за 12-ка тој ваучер е 1.000 денари.

За перфектни 13 погодоци, прогнозерот одбира еден од подароците, Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, X Box Series X.

- Оглас -

Најнови вести