Десеттото коло на Спортска прогноза е во тек и крајниот рок за типување е до сабота до 16 часот.
Во популарната Тринаесетка се наоѓа и фудбалската репрезентација на Македонија, која токму в сабота од 16.30 часот игра пријателски натпревар против Саудиска Арабија.
Мечот ќе се игра во Абу Даби и ќе претставува одлична можност за селекторот Милевски против селекција што ќе игра на Мундијалот во Катар да ги тестира играчите што играат во Првата фудбалска лига.
Прогнозерите што досега типувале веруваат во триумф на Црвено-жолтите, дури 62 отсто сметаат дека Македонија ќе победи.
Покрај Македонија, во фокусот на Тринаесетката се дерби-пресметките во Англија и Италија меѓу Челзи и Манчестер јунајтед, односно Рома и Наполи.
Дури 62 отсто од прогнозерите сметаат дека Сините ќе слават во Премиер лигата, а очекуваат неизвесен меч на Олимпико во Рим. Според досегашните прогнози, за двојка на Наполи одиграле 45 отсто од прогнозерите, а 36 отсто сметаат дека нема да има победник на овој меч.
Сите 13+2 натпревари се од Топ-5 лигите на Европа, што е познат терен за прогнозерите и се очекува атак на 13-ката.
За погоден максимален број парови од оваа сезона имате можност сами да си одбрете подарок од три варијанти:
Смарт Тв Самсунг 55” 4K
Xiaomi Електричен тротинет
X Box Series X
Sport Life и Спорт Манија стандардно ги наградуваат и утките, па со промашени два пара се добива ваучер од 500 денари, а за еден промашен пар ви следува ваучер од 1.000 денари.