Не заборавајте да пополните Спортска прогноза, првиот натпревар започнува денес во 13:30 часот

Останува уште малку време за типување на натпреварите од второто коло на бесплатната понуда на Sport Life, Спортската прогноза. Првиот дуел започнува во 13:30 часот, а во момент завршува и можноста за типување.

Први на теренот ќе истрчаат фудбалерите на Шефилд Јунајтед и Евертон, дуел за кој постојат изнедначени проценти според типувачите. 39.65% од играчите сметаат дека мечот ќе заврши нерешено, а 33.57% предност му даваат на домашниот тим. 26.77% од играчите за фаворит ја имаат екипата на Евертон.

Во второто коло најмногу натпревари има од Бундес лигата, дури четири. По три се од Премиер лигата и француската Лига 1, два од шпанската Ла Лига и еден меч од првенството на Португалија.

Не ги заборавајте и резервните двојки, кои ова коло се од француското и италијанското првенство.

За погодена Тринаесетка ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K

Xiaomi електричен тротинет

Сони плејстејшн 5

Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча, ви следува ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести