Не заигра за Македонија, но знае да дава голови и не е доцна за деби (Видео)

Дани Мусовски беше најавен како можно изненадување во составот на македонската репрезентација за Европското првенство што се играше лани, но не доби повик за настап, па не дебитираше за нас.

Ноќеска напаѓачот на Лос Анџелес ФЦ одигра одличен меч и со два гола и една асистенција беше меѓу најзаслужните за победата против Оранџ каунти со 5:1 во популарниот Ју-Ес опен куп.

Мусовски го отвори резултатот во 13-тата минута, по одличната акција на домаќините, а голот можете да го погледнете ОВДЕ.

Потоа во финишот на првото полувреме му асистираше на двојниот стрелец Аранго за 3:0, и тоа на извонреден начин со петица и со најубавиот потег на мечот.

Моментот од 45-тата минута и прекрасното додавање на Мусовски можете да го погледнете ОВДЕ.

Несудениот македонски репрезентативец го почна и го заврши мечот со погодок, а повторно беше прецизен во 71-вата минута, кога Лос Анџелес поведе со 5:0.

Тој погодок можете да го погледнете ОВДЕ.

Мусовски има 26 години и сè уште може да дебитира за Македонија бидејќи нема настап за ниту една друга репрезнтација во официјален меч.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести