Не залудно Мендеш е суперагент, активирана клаузула само по три натпревари која на Атлетико ќе му донесе 50 милиони евра

Португалецот Жорж Мендеш уште еднаш го потврди прекарот што му го дадоа медиумите и фудбалерите, суперагент, и само по три одиграни натпревари на свој фудбалер му обезбеди милионски трансфер.

Матеус Куња на почетокот од зимскиот преоден рок го напушти Атлетико Мадрид и замина на позајмица во Вулверхемптон, а Мендеш обезбеди во договорот да се вметне интересна клаузула од која најголем профит има токму шпанскиот тим.

Доколку Куња одигра три натпревари за Вулверхемптон, автоматски се активира откупната клаузула и премиерлигашот налето мора да го откупи договорот на играчот за 50 милиони евра.

Куња во Атлетико Мадрид пристигна пред една и пол година од Херта Берлин во трансфер вреден 30 милиони евра, но не ги оправда очекувањата на Јорганџиите.

Одигра 54 натпревари и постигна само седум гола и имаше осум асистенции.
Во трите натпревари за Вулверхемтон не постигна гол и има само една асистенција, но тренерот Хулен Лопетеги верува во Бразилецот.

- Оглас -

Најнови вести