Не запираат, Манчестер сити купи осуммина играчи во последните шест месеци

Манчестер сити во последната деценија и пол е клуб кој не жали пари за да го засили својот играчки кадар, трпат критики дека претеруваат, против клубот се води постапка за прекршување на финансискиот ферплеј, но тие продолжуваат со својата политика на безмилосно трошење, често и преплаќање на некои фудбалери кои не вредат толку многу.

Граѓаните не освоија ништо во минатата сезона, која им беше тотален дебакл, а од јануари наваму ангажираа дури осум нови имиња. Тоа се Омар Мармуш, Нико Гонзалес, Абдукодир Хусанов, Витор Реис, Тиџани Рајндерс, Рајан Шерки, Рајан Аит-Нуро и Свере Нипан.

Останува да се види како ќе им оди во претстојната сезона, во која пак ќе ги води Пеп Гвардиола, кој го увери раководството дека слабите резултати беа поради бројните повреди на клучни играчи.

- Оглас -

Најнови вести