Не Зидан, туку Луис Енрике може да биде првата тренерска бомба во 2023 година

Фудбалската федерација на Бразил планира нов селектор на Кариоките да биде неодамнешниот предводник на репрезентацијата на Шпанија, Луис Енрике.

Селекторското столче во репрезентацијата на Бразил остана испразнето откако Тите си поднесе оставка по елиминацијата на Кариоките од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство што се играше во Катар во ноември и декември минатата година.

Во последно време, речиси сите големи тренерски имиња се поврзуваа со клупата на Бразил, како Пеп Гвардиола, Карло Анчелоти, Жозе Мурињо, кои се актуелни тренери на Манчестер сити, Реал Мадрид и Рома, но и со Зинедин Зидан, кој повеќе од една година е без ангажман, но бразилските медиуми сега пишуваат дека Луис Енрике е најблиску до селекторското столче.

Енрике се споменува и како нов тренер на Атлетико Мадрид, но Диего Симеоне нема намера да си замине од „Ванда Метрополитано“ доколку не му бидат исплатени 25 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести