Неагу постави рекорд на Европските првенства кој тешко ќе биде соборен и од мажите и од жените (Видео)

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ѝ честиташе на Романката Кристина Неагу, која прва ја помина магичната бројка од 300 гола на Европските првенства.

Неагу во денешниот пораз на нејзината Романија од Германија со 32:28, постигна седум гола и дојде до неверојатни 303 погодоци во историјата на Европските првенства во женска и во машка конкуренција.

https://twitter.com/i/status/1592905459090219008

На второто место се наоѓа легендарното крило на исландската репрезентација Гудјон Валур Сигурдсон со 288 постигнати голови на континенталните собири.

Селекцијата на Словенија со поразот од 29:25 од Унгарија во последното коло од групата 1 во главната фаза ги загуби шансите за полуфинале. Шведска пак ја совлада Хрватска со 31:27, но поради поразот од Данска во меѓусебниот дуел, остана без полуфинале во кое ќе играат други две скандинавски репрезентации, Норвешка и Данска.

Црногорките кои вчера го визираа местото во полуфиналето, денеска загубија убедливо од Холандија со 42:25 во групата 2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести