Неапол е во еуфорија во очекување на титулата, но навивачите на Наполи на дербито со Милан ќе молчат

Навивачите на Наполи ги изненадија фудбалерите објавувајќи соопштение во кое објаснија дека ќе бидат тивки на утрешното дерби против Милан на стадионот „Диего Марадона“ како протест поради зголемувањето на цените на влезниците и ограничувањата поради безбедносни причини.

Наполи се наоѓа на чекор до освојување на третата шампионска титула во Серија А, бидејќи се лидери на табелата со дури 19 бода предност пред Лацио.

Медиумите пишуваат дека бојкотот на навивачите на Наполи ќе значи дека на утрешното дерби против Милан, нема да има транспаренти и знамиња на трибините, ниту организирано навивање. Тие познатата навивачка атмосфера ќе ја направат на плоштадот Текио, а на стадионот „Диего Марадона“ ќе им дозволат на навивачите на Милан да бидат главни.

Навивачите се гневни на управата на Наполи и поради високите цени на влезниците за натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите токму против Милан.

Што се однесува до ограничувањата поради безбедносни причини, тие се воведени од градските власти по групната тепачка помеѓу фановите на Наполи и на Рома.

„Помалку Ултраси и повеќе семејства на стадионот. Кои семејства? Со оглед на тоа колкави се цените на влезниците, на стадион ќе бидат присутни само богатите семејства“, стои во дел од соопштението на навивачите на Наполи.

- Оглас -

Најнови вести