Нечуено – Претседателот на шпанските менаџери го навреди Винисиус јуниор: Престани да се однесуваш како МАЈМУН (Видео)

Голем скандал има во Шпанија, а во фокусот е Педро Кастро, претседателот на Здружението на шпанските фудбалски менаџери.

Тој во емисија на популарната ТВ-програма на „Ел Чирингито“ го навреди играчот на Реал Мадрид, Винисиус јуниор, и му порача да престане да се однесува како мајмун.

На Кастро му пречи начинот на прослава на головите што го практикува Бразилецот, со самба, а критики за Винусиус има доста во Шпанија и за начинот на кој се однесува, но претседателот на шпанското здружение на менаџери сепак претера.

Винусиус јуниор е предупреден и од соиграчите во Реал и од тренерот Карло Анчелоти да внимава како се однесува на терен и да се смири.

Бразилецот имаше прекрасна сезона лани, кога беше еден од најзаслужните за шпанската и европската круна на Реал Мадрид, а игра одлично и на почетокот на оваа сезона.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести