Недановски: Имавме преголема желба, но кратка ни е ротацијата

Тренерот на ракометниот тим Вардар 1961, Владо Недановски, ги пофали своите играчи за борбеноста и карактерот, но проблем е што кај Црвено-црните нема поголем фонд на играчи во ротацијата и заморот го зеде данокот.

„Заслужена победа на Нексе, тие се добар тим, меѓу петте најдобри на Балканот, пред два месеца играа фајналфор во Европската лига. Проблемот на Вардар е ротацијата, особено во одбраната. Тажен сум, имавме преголема желба да се пласираме на фајналфор, но среќен сум што покажавме дека имаме карактер. Губевме со четири гола разлика во првиот дел, треба да имаш карактер за да се вратиш, баш ми е мило за младите, посебно за Мишевски. Оставивме срце на теренот, со многу работа, овие млади момци во иднина може да се носители во Вардар“, изјави Недановски.

- Оглас -

Најнови вести