Серијата од изненадувачки резултати, особено во неделата донесоа скромен ефект во 21-вото коло од втората сезона на популарната игра Спортска прогноза што ја организираат Sport Life и Спорт Манија.
Максимумот беше 8 погодоци, што е учинок далеку од наградите, особено од премијата IPhoneXS, што е предвидена за секое коло со погодени 13 двојки.
Четворица учесници имаа по 8 точни прогнози, но и тие беа далеку дури и од ваучери од 1.000 денари што Sport Life ги доделува за 12 погодоци и од 500 денари за точна прогноза на 11 парови.
Грото од 1.330 учесници што прогнозираа во ова коло паднаа некаде на патот на оската Билбао-Мец-Лондон-Лече.
На „Сан Мамеш“ Атлетик загуби со 0:2 од Хетафе, а дури 80 проценти од прогнозерите типуваа на единица. Само 9,6 проценти погодија дека Мец ќе го победи Сент Етјен, а потфрли и англискиот шампион Манчестер сити против Тотенхем.
Популарните Граѓани загубија во Лондон со 2:0, исход што го очекуваа само 10,2 отсто од нашите учесници во бесплатната игра. Надежите за награди во ова коло исчезнаа и со убедливиот пораз на Торино во Лече со 4:0, исход што беше очекуван од само 9,8 отсто наши прогнозери.
Во едно од најскромните кола на Спортска прогноза со максимум од само 8 погодени двојки, најмногу ќар имаше лидерот во Генералниот пласман, Христијан Т. Тој останува на врвот со 152 поени, шест повеќе од следниот зад него во трката за главната награда Смарт ТВ од 48 инчи.
Сепак, за разочарување нема место, се случуваат и вакви необични рунди со неочекувани резултати, а веќе денеска од 14 часот ќе имате можност да типувате во новото 22-ро коло на Спортска прогноза.
Приклучете се во битката за супер награди што ги доделува Sport Life и пред сè забавувајте се во игра што е бесплатна и многу едноставна.