Недела е ден за голови: Ефикасни натпревари ќе има во Шпанија, Италија, Германија и Унгарија (Фото)

1309 – Атлетик Билбао – Барселона (21:00)

Екипите на Атлетик Билбао и Барселона пред нешто повеќе од еден месец го одиграа својот последен меѓусебен натпревар. Дуелот се играше во рамки на полуфиналето во Саудиска Арабија, а во регуларниот дел заврши нерешено, 2-2. Очекувањата се дека слично ќе биде и вечерва, односно на „Сан Мамеш“ ќе има голови и тоа во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (2.02)

 

3613 – Наполи – Јувентус (20:45)

На дуелот помеѓу Наполи и Јувентс вечерва само едно е сигурно, а тоа е дека ќе има победник. Играта двојна шанса на полувреме и на крај е одлична можност да продолжи традицијата на меѓусебните натпревари на овие екипи, а таа вели дека на последните три натпревари имало победник на дуелите помеѓу Наполи и Јувентус.

Предлог тип: 12-12 (2.18)

 

2206 – Ујпешт – Фехервар (19:00)

Последните два натпревари помеѓу овие две екипи завршија со идентични 2-1 за домашните екипи. Воедно натпреварот помеѓу Ујпешт и Фехервар е дуел на најлошата одбрана во лигата и вториот најдобар напад. Екипата на Ујпешт има примени 47 гола на 22 натпревари, додека фудбалерите на Фехервар постигнале 42 гола во досегашните 22 првенствени кола.

Предлог тип: ГГ прво / второ (1.96)

 

3611 – Аталанта – Болоња (18:00)

Екипите на Аталанта и Болоња вечерва во директен дуел ќе одлучуваат кој ќе биде поблиску до пласман во групната фаза од Лигата на шампионите. Болоња е на четвртото место на табелата со два поени повеќе од шесттопласираната Аталанта. Воедно овој меч е можеби и последната шанса за екипата од Бергамо да фати приклучок до местата кои водат во Лигата на шампионите.

Предлог тип: 1Х & 1+ прво (1.94)

 

1809 – Хофенхајм – Вердер Бремен (17:30)

Фудбалерите на Хофенхајм минатото коло победија со 2-3 на гостувањето кај Борусија Дортмунд и сосема очекувано се фаворити на натпреварот против Вердер Бремен на домашен терен. Во прилог на домашните им оди и фактот дека победија на последните два натпревари против Вердер Бремен, и тоа двапати на гостински терен со 2-3 и 1-2.

Предлог тип: 1 & 0-29min (2.80)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести