Нови пет натпревари се дел од Квотите на денот на Sport Life, по два од Премиер лигата и Серија А и “каталонското“ дерби помеѓу Еспањол и Барселона, кои искомбинирани заедно на еден тикет прават квота од 55.
Манчестер Сити нема право на кикс на гостувањето кај Евертон и токму затоа предлог тип за овој натпревар е да одиграте дека “граѓаните“ ќе успеат да постигнат барем по еден погодок и во првото и во второто полувреме. Квотата за оваа игра е рамно 2.
Наполи веќе ја прослави шампионската титула во Италија и сега може да игра фудбал за публика со многу голови. Предлог за натпреварот Монца – Наполи да одиграте дека дуелот ќе заврши гол-гол, односно двете екипи да постигнат барем по еден погодок, но и во двете полувремиња да биде постигнат најмалку по еден гол. Квотата е одлична, 2.45.
Слично како и Манчестер Сити, така и Арсенал нема право на кикс во борбата за шампионската титула, па се очекува да забележи победа на домашен терен против Брајтон, а протиа на мечот да бидат постигнати помеѓу два и пет голови. Квотата за овој натпревар е 2.40.
Екипата на Јувентус после враќањето на одземените бодови води голема битка за пласман во Лигата на шампионите. Предлог тип за нивниот домашен дуел против Кремонезе е да одиграте двојна шанса на “старата дама“, но и двете екипи да постигнат најмалку по еден погодок. Квотата за оваа игра е 2.30.
Екипата на Барселона може уште вечерва да ја прослави титулата во Шпанија и не било каде, туку на теренот на лутиот каталонски ривал, Еспањол. За тоа да се случи Барселона ќе треба да победи, а домашните ќе направат се само да ја одложат прослата на ривалот. Токму затоа кон “двојката“ на Барселона може да се додаде и еден погодок во второто полувреме, со оглед на тоа дека се очекува тврд и неизвесен натпревар. Квотата за оваа игра е 2.05.