Недела за МЗТ која може да го однесе во „рајот“ или „пеколот“

Утрешниот дуелот со Сутјеска во Никшиќ е од исклучително големо значење за МЗТ Скопје Аеродром бидејќи победа ќе значи задржување на шансите за второ место, а пораз веројатно ќе означи крај на надежите дека во полуфиналето на плејофот во втората АБА-лига „штрковите“ ќе имаат предност на домашен терен.

Проблемот за МЗТ е што и на Сутјеска ѝ треба победа во трката за четвртото место и влез во плејофот. Сутјеска во последните две кола ќе се обиде да ги престигне Динамик и Борац, со коишто има еднаков број бодови. Ако загубат од МЗТ, Црногорците речиси сигурно остануваат без плејоф.

„Свесни сме за големото значење на овој дуел и подготвени сме да дадеме максимум од себе за да победиме во Никшиќ. Противникот е силен, ќе биде мотивиран, но ако бидеме на ниво на задачата и ако го исполниме договореното, шансите за триумф ни се реални“, вели Дарко Соколов.

Само неколку дена по гостувањето кај Сутјеска, МЗТ го чека нов пекол, и тоа оној најнепријатниот, против Работнички во „Градски парк“. Победа за МЗТ во скопското дерби ќе донесе изедначување со ривалот и делба на првото место, но пораз може да ја продлабочи кризата ако претходно загубат и од Сутјеска.

Аеродромци следниот четврток играат дома со сараевски Спарс и тоа е меч кој ако МЗТ слави против Сутјеска, ќе пресуди кој ќе биде втор во АБА 2 и ќе биде генерална проба пред полуфиналните пресметки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести