Специјално од Сиде, Турција
Трајан Маневски
Вардар во моментов ги одработува зимските подготовки во Анталија, но раководството на клубот е активно во потрага по нови засилувања, но и по наследник на Гоце Седлоски за од наредната сезона.
„Во комбинација за наследник на Гоце Седлоски беа двајца странци. Едниот стана селектор на Словенија, а и вториот има опција за да биде селектор. Има уште шест месеци да најдеме соодветна замена за Седлоски. Секако во опција доаѓа и домашен тренер за наследнил на Седлоски.“ – вели претседателот на Вардар, Миленко Неделковски.
Новост во таборот на „црвено-црните“ е потписот со аргентински интернационалец кој доаѓа од првенството на Индонезија.
„Потпишавме двегодишен договор со Аргентинецот Иан Пуелио, а во првиот тим се приклучени петмина од младинскиот погог, сите се деца кои се репрезентативци во своите категории. Се надеваме дека до крајот на преодниот рок ќе се засилиме со еден напаѓач и еден крилен фудбалер.“ – дополнува Неделковски.

