26.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Неделни квоти на денот за мерак, сите се со коефициент 2.05 или поголем (Фото)

Петте натпревари кои се дел од денешните Квоти на денот во Sport Life се со коефициент 2.05 или поголеми и ако ги одиграте заедно на еден тикет, ќе добиете одличен вкупен коефициент од 50.68.

Првиот предлог е од шпанската втора лига и дуелот меѓу Вљадолид и Еибар кој носи квота од 2.20. Оваа квота се добива ако се одигра дека ќе има барем по еден гол и во првото и во второто полувреме.

И вториот предлог е од шпанската втора лига и тоа помеѓу екипите кои пред две години играа во Ла Лига, Леванте и Елче. Тука предлогот на Sport Life е да се одигра дека домаќинот нема да загуби, а притоа ќе бидат постигнати барем два гола. Оваа игра нуди квота 2.05.

Денеска ќе се одиграат само четири пријателски натпревари, а еден од нив ќе биде дуелот меѓу Италија и Еквадор кој ќе се игра во Њу Џерси, САД и ја има најголемата квота која изнесува 2.55. Оваа квота се добива ако се одигра Аѕурите да слават, а притоа има барем еден гол во второто полувреме.

Јамајка и Панама ќе играат за третото место во Конкакаф Лигата на нации и на овој натпревар се очекуваат голови. За играта да има помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме, квотата изнесува 2.15.

Последниот предлог е од финалето во Конкакаф Лигата на нации меѓу САД и Мексико и има квота од 2.05. За да се добие ова квота потребно е да се одигра 1 БилоКога.

- Оглас -

Најнови вести