Неделниот „прогнозерски тикет“ е со пет кеца и еден двознак Х2, вкупната квота е точно 85!

После вчерашниот саботен ден, нема ниту една седумка на Спортска прогноза, но има петмина со по шест погодоци, и тие се во игра за ваучер од 1.000 денари, додека има многу кандидати за ваучер од 500 денари колку што носи 11-ка. Од петмината со шестка, тројца не предвидоа дека Еспањол ќе го победи Бетис.

Денеска е нов ден, остануваат уште шест меча од основната понуда на Среќна 13-ка, а ако им верувате на мнозинството играчи на Спортска прогноза, може да составите реален тикет со одлична добивка.

На пет натпревари фаворити сее домашните, додека на средбата Елче – Осасуна, најмногу се за нерешено, а тука некаде е и процентот на играчи кои типувале на двојка.

Ако составите тикет без овој меч, само со петте единици на другите мечеви, во Sport Life добивате квота од 62,5. Ако го додадете и двознакот Х2 од Елче – Осасуна, тогаш вкупната квота е точно 85, а ако се решите да ставите икс на овој пар, се доаѓа до квота од 196,8.

За Лидс – Брентфорд, единица типувале 67 отсто прогнозери, за победа на Монца против Сасуоло 57,99 отсто, за Арсенал над Манчестер јунајтед 53,6 проценти, за Борусија Менхенгладбах против Баер Леверкузен 55,6 проценти од играчите веруваат во кец, а за Јувентус против Аталанта типувале 63,99 отсто.

Замислениот тикет според меракот на мнозинството прогнозери за денеска би изгледал вака:

1009 Лидс – Брентфорд 1

3005 Монца – Сасуоло 1

1307 Елче – Осасуна Х2

1122 Арсенал – Манчестер јунајтед 1

1809 Б. Менхенгладбах – Баер Л. 1

3007 Јувентус – Аталанта 1

———————————————————

Вкупен коефициент        85

- Оглас -

Најнови вести