Денешниот Супер тип има 15 натпревари од три спорта со специјално зголемени квоти. Фудбалот доминира со 11 натпревари, три се тениски од Отвореното првенство на Австралија и еден ракометен дуел од Европското првенство кое се одржува во Германија.
Вообичаено, неделната понуда е богата со интересни фудбалски натпревари и специјално зголемени квоти за победи има на Лацио над Лече (1.78), на Ајакс над Го ахед иглс (1.95), на Нигерија над Екваторијална Гвинеја (1.60), на Манчестер јунајтед над Тотенхем (2.30), на Штутгарт над Борусија Менхенгладбах (2.01), на Фиорентина над Удинезе (1.76).
Ракометот е застапен со интересниот натпревар на Европското првенство меѓу Србија и Унгарија и специјално зголемени квоти има за триумф и на двете репрезентации.
Понудата завршува со тениските мечеви од Отвореното првенство на Австралија и на кои фаворитската улога ја имаат Манарино против Вавринка (1.50), на Пављученкова над Векиќ (1.65) и на Монфилс над Хафман (1.63).