Денешната Супер тип понуда на Sport Life е мошне привлечна за обложувачите, особено оние кои преферираат да типуваат на фудбалски мечеви и победи на домашни екипи.
Од 16-те меча во понудата, за дури 15, зголемената квота е за победи на домаќините. Има шаренило од лиги, а за фудбалот освен на конечен тип, може да се игра и на уште четири други комбинации.
Интересно е што најголемата квота за конечен тип е токму кај парот кој е како „црна овца“ меѓу многу кецови. Квотата од 2.11 за победа на Штурм Грац против Австрија Виена е повеќе од привлечна и може да се искористи за зголемување на потенцијалната добивка на тикетите.
Меѓу 15-те фудбали, „се крие“ и еден безбол меч на кој Мајами марлинс е фаворит против Детроит тајгерс, па и за тој дуел има привлечна зголемена квота.