Неделните дербија се голем предизвик на Спортска прогноза, играчите имаат фаворити

Помина половина од терминот за типување за 22-рото коло на Спортска прогноза сезонава, а според процентите на прогнозерите кои веќе се изјасниле, јасно е кои екипи се фаворити на мнозинството за четирите дербија кои се играат в недела и се наоѓаат во основната понуда на бесплатната игра.

Градското дерби во Манчестер помеѓу Сити и Јунајтед е натпреварот кој привлекува најголемо внимание, а дури 82,69% од играчите на Спортската прогноза сметаат дека ќе победат Граѓаните, само 6,1% предност им даваат на Црвените ѓаволи.

Во победа на Наполи против Јувентус веруваат скромни 19,93 отсто играчи на Спортска прогноза, малку над половината типуваат триумф на Барселона на гостувањето кај Билбао, а малкумина сметаат дека Бенфика може да победи кај Порто.

Големи фаворити се и Жирона на гостувањето кај Мајорка, Севилја, која го пречекува Сосиедад, Ајнтрахт против Хајденхајм, Лил на гости кај Ремс и Лион дома со Ленс. Има време да се типува до сабота во 14 часот, може и да се менуваат прогнозите, па и процентите да бидат поразлични.

За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!

- Оглас -

Најнови вести