Игор С. и Никола П. се двајцата најуспешни прогнозери во петтото коло на бесплатната Спортска прогноза на Спортманија и Sport Life. Тие погодија по 11 пара од основната 13-ка и добија ваучери од Sport Life по 500 денари.
Во саботата резултатите одеа во прилог на повеќе прогнозери, но вчера ситуацијата беше поинаква. Помалку од 20 проценти од играчите погодија дека ќе победат Ремс против Лион, Дармшатад над Вердер, Осасуна кај Алавес и Монпелје кај Лориен.
Игор и Никола типувале на победа на Лориен и ако на тој меч, кој заврши 0-3, победеа домашните, овие двајца прогнозери ќе имаа и 12 погодоци и ќе земеа ваучери од по 1.000 денари.
Во генералниот пласман, во кој се пресметуваат поените и од резервните парови, води Владимир В. со 44 поени, пред Божидар Ј. со 43, а третото место го делат Борче Н. и Димитар М. со 42 поени.
Новото коло ќе почне утре, во 14 часот, кога ќе ги објавиме паровите на коишто ќе може бесплатно да типувате од вторник во 14 часот до сабота попладне.